Многу пати знаеме да ја споредиме потрошувачката кошничка од денеска и од пред неколку години. Се сеќаваме на времето кога парите имаат друга важност и кога илјадарката имаше друга вредност.
-Порано со 1.000 денари кога ќе влезев во маркет, ќе испаразев речиси за половина месец. Излегуваш од маркет со количка, а денеска со 1.000 денари можеме да купиме за основни намирници, како леб, млеко, јогурт, и да излеземе со полупрана ќеса, вели Сања од Карпош.
Постојаните информации дека нето платата на месечно ниво се зголемува, наидува на остри реакции од страна на граѓаните. Вечна тема помеѓу граѓаните е куповната моќ и стандардот. Институциите објавуваат дека има подобрување на состојбите, но граѓаните велат дека се уште не почуствувале промена во однос на подобрување на квалитетот на животот.
Сепак во однос на минималната синдикална потрошувачка кошничка пресметката вели дека доколку во семејството има само еден вработен ќе недостасуваат 8 илјади денари за набавка на основните животни потреби. Синдикатот пресметал дека за набавка на храна ,пијалоци, лекови, подмирување на режиските трошоци, за превоз, посета на културни манифестации и купување на облека и лекови месечно се потребни нешто над 32 илјади денари.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











