Шокантен момент кога еден човек со врзани раце излегол од гепекот на автомобил во движење, снимен е со камера.
Оваа неверојатна сцена е снимена во центарот на Мексико Сити, а заложникот скокнал од багажникот на автомобилот кој се движел, со врзани раце и се тркалал низ асфалтот.
Инцидентот се случил на 27-ми март, а видеото е прегледано повеќе од 45.000 пати.
Во видеото се гледа како се отвора багажник на бел автомобил кој се движи во сообраќајната гужва, а од него се фрла еден човек, директно на патот. Додека се тркала по улицата, се гледа дека му се врзани рацете.
Во меѓувреме, возачот кој ја снима целата сцена, успорува и застанува покрај местото на кое лежи мажот.
Според локалните медиуми, неколку насилни инциденти се случиле на истото подрачје во последни неколку денови и локалните власти ја засилиле безбедноста.
Не е познато дали полицијата го истражува овој инцидент.
Моментално не е познато и дали човекот успеал сам да го отвори гепекот од внатрешноста на авотмобилот или неговите киднапери го отвориле, откако откупот бил платен.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















