Американски борбени авиони му се приближија на ирански патнички авион над сирискиот воздушен простор, поради што пилотот нагло го променил правецот за да избегне судир. Наглата промена на правецот и висината резултирала со повредување на неколку патници.
Според првичните информации кои се појавија во иранските медиуми, израелски авион се прилижил до иранскиот, меѓутоа подоцна било утврдено дека пилотите се идентификувале како припадници на американската воена авијација.
BREAKING – An 'unknown aircraft' passed threateningly close to an Iranian passenger plane.pic.twitter.com/UlyktX91no
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) July 23, 2020
На социјалните мрежи се објавени видеа на кои може да се види дека владее паника меѓу патниците во иранскиот авион.
Неколку патници биле повредени после средбата на патничкиот со воените авиони на небото над сирискиот главен град Дамаск. Иранските медиуми тврдат дека опасниот маневар ги присилил пилотите на патничкиот авион брзо да се спушти на помала висина.