Пејачката Светлана Ражњатовиќ денеска беше прогласена за невина во Основниот суд во Белград, по приватната тужба поднесена од нејзината колешка – Јелена Карлеуша.
Имено, Карлеуша еднаш изјави дека Цеца Ражнатовиќ стои зад убиството на Зоран Давидовиќ Канда, поради што Цеца поднесе кривична пријава против неа.
За време на главниот претрес, на кој Јелена Карлеуша присуствуваше со нејзините адвокати, како и Цеца, судијата ја праша Цеца дали може да претпостави зошто Јелена Карлеуша изнела такви обвинувања против неа.
Како одговор на прашањето на судијата, Цеца наводно изјавила дека само нарцисоидна и психички пореметена личност може да изјави такво нешто во јавноста.
Нејзината изјава тогаш беше внесена во записникот, а Карлеуша подоцна поднесе приватна кривична тужба. Неколку месеци подоцна се случи судење, кога судот ја ослободи Цеца од обвиненијата по приватната тужба, а Карлеуша има право на жалба на пресудата.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












