Ова е причината поради која девојката на Кијану Ривс не сака да ја бојосува седата коса

626

Фотографијата на која популарниот холивудски актер Кијану Ривс позира со својата девојка Александра Грант (46) предизвика големо внимание во јавноста, пред се’ поради изгледот на избраничката на еден од омилените актери.

Имено, таа изгледа многу постаро од Кијану, пред се’ поради седата коса, за која неодамна откри зошто не ја бојосува.

Јас побелев пред време, уште во раните 20-ти, бидејќи ја фарбав косата со секоја боја што ќе ја најдев, се’ додека станав интолерантна на токсичноста од нив. Во 30-тите ја пуштив косата да стане ‘руса’… Го сакам и го почитувам тоа што секоја жена може да избере како ќе изгледа во кое било време од животот. Ако жените страдаат од наметнати стандарди за убавина, ајде да разговараме за тие стандарди”, порачала таа.

Фото: Инстаграм