Ова е куќата на стравот во која девојчето било затворено 88 дена: Страшни детали од двојното убиство и киднапирање на тинејџерката која успеала да побегне по три месеци ропство

316

Неколку дена откако тинејџерката од Висконсин, 13-годишната Џејми Клос, успеала да побегне по три месеци заробеништво, објавени биле страшни детали за условите во кои ја држел нејзиниот киднапер и убиецот на нејзините родители.

Минатиот октомври Џејк Петерсон ги убил родителите на девојчето, а неа ја киднапирал. Таа се водела како исчезната се до минатиот четврток, кога успеала да побегне. Петерсон бил уапсен, а на инспекторите им ги признал сите свои недела и раскажал како испланирал се.

Тој ја следел неколку дена, а на денот на злосторството, на 15-ти октомври, Петерсон дошол до куќата на семејството Клос. Пукал во бравата и влегол во куќата. Прво го убил таткото на тинејџерката. Мајката и ќерката, кои тоа време се криеле во бањата, ги пронашол по неколку минути.

Ја натерал мајката Денис да залепи леплива трака преку устата на својата ќерка, а потоа пукал во неа. Тинејџерката ја извлекол надвор, и ја ставил во багажникот од автомобилот.

21-годишниот Петерсон ја одвел тинејџерката на 105 километри оддалечена локација, во мала колиба во близина на градот Гордон, каде ја чувал 88 дена. Сега биле објавени и фотографии од колибата на ужасот во која несреќното девојче минало неколку месеци. На влезот во неугледната куќа стои натпис “Прибежиштето на Петерсон”

Колибата е во ужасна состојба, затрупана во ѓубре и разни предмети. Пронајдени се кутии полни со тешки работи кои ги ставал на вратите за тинејџерката да не може да побегне.

И покрај колибата биле пронајдени големи количини на ѓубре, празни конзерви со пива и шишиња од алкохолни пијалаци. Во близина имало и големо пакување на пелени за возрасни, кои ги користел за да не го пушта девојчето во тоалет. Медиумите истакнуваат дека Џејк немал криминално досие, но дека неговиот брат бил осуден за сексуален деликт бидејќи спиел со малолетничка.

Девојчето во полицијата рекло дека кога дошле во колибата и наредил да се соблече и ја фрлил сета нејзина облека. Џејк цело време на гости примал пријатели, а таа за тоа време морала да биде скриена во собата под креветот.

Се плашела да вриска бидејќи киднаперот се заканувал дека ќе ја убие. Била парализирана од страв, под креветот некогаш била и по 12 часа без храна и вода. Околу креветот имало тешки кутии кои девојчето не можело да ги помести.