Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска рече дека до сега се приведени осуммина по двата дена акција за пронаоѓање на бандата во Арачиново и Горно Мојанци по украдените два тони канабис од фабрика во валандовско Јосифово.
– Приведените се онаму каде што треба да бидат. Во суд, во обвинителство, во притвор. Секако дека ќе има притвор за нив затоа што се работи за недозволена трговија и шверц на дрога. Сите ќе бидат притворени, рече Спасовски.
Тој рече дека се уште МВР нема да излезе со целосен извештај од акцијата, затоа што истрагата и натаму трае и може да биде загрозена со изнесување на повеќе детали во јавноста.
На прашањето зошто фармата во валандовско било слабо обезбедена, тој рече дека за секој производител на канабис е пропишана и заштита со техничко и физичко обезбедување, како и системот на контрола.
– Ние вршиме контрола само како работат агенциите за обезбедување, рече Спасовски.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















