Поголемиот дел од жителите на Македонија рано утринава во 6 минути до 5 часот се разбудија панично по почувствуваниот земјотрес со епицентар во село Леуново, Мавровско, кој воопшто не беше за потценување, односно со јачина од 5 степени според Рихтер.
За среќа освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195. Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар на длабина 10км.
Според досегашните податоци земјотресот најсилно бил почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени.
Дека земјотресот навистина бил силен и предизвика вознемиреност кај граѓаните сведочи и ова видео снимка од маркет во селото Челопек во Тетово.
Земјотресот бил почуствуван и во соседните земји, но со многу послаб интензитет.