Од агол на психолог: Зошто мажите ги напуштаат жените

224

Во таа врска сѐ изгледаше совршено. Хемијата ги спои, пеперутките се разиграа, љубовта се случи.

Притоа, таа и понатаму е заљубена, се жртвува, верна е. И го привлекува. Но, тој ги пакува своите куфери и заминува без да ја сврти главата. Обично сите помислуваме дека некоја друга ја убила магијата. Го обвинуваме дека е неверен. А, што ако не е? Поради што мажите ги оставаат ќените на кои до вчера им симнуваа ѕвезди од небото? Синџирите околу неговиот врат се само уште една од причините кои го присилуваат посилниот пол да си оди, вели психотерапевтот Марија Вицковиќ.

„Кога партнерката ќе почне да гуши, тој по природа на работите почнува да бара појас за спасување“ – метафорична беше соговорничната на „Живота плус“. „Доколку нема многу искуство, а конечно се заљубила, почнува да паничи дека ќе го изгуби, па претерано го прикрива со внимание, целиот свој живот го прилагодува на него, секогаш му е достапна, прави сѐ за да го фасцинира, трчи околу него… Изливите на нежност и пожртвуваност на сите им годат, но до некоја граница. Бидејќи со текот на времето сето тоа станува напорно. И, на него му е полесно да биде сакам, одколку некој да умира за него на толку театрален начин.“

Жените често се немилосрдни и неконтролирани во љубовта, па со сето тоа што веќе имаат, сакаат уште и уште. А, мажите најчесто не знаат да одговорат на нивните барања. Дури ни високо ниво на самодоверба, потхрането со фактот дека партнерот е свесен за сите нејзини квалитети, не мора да биде гаранција на нејзиното задоволство во врската. Таа често одново ќе бара да се докаже љубовта и пожртвеноста, ќе се лути за секоја ситница и некотролирано ќе се претвори во досадна мува. А, знаеме дека мажите не го сакаат зуењето. И така таа ќе „зуе“, а тој ќе почне да се лади и оддалечува.

„На долга стаза, вашиот начин на комуникација ќе влијае на неговата желба за вас. Доколку жената започне да го губи вниманието на мажот, тоа е затоа што се однесувала предвидливо и му станала противник, наместо партнер“ – јасен е Шери Аргов во книгата „Зошто мажите сакаат кучки“.

Експертите се согласни дека здодевната партнерка не може да помогне во љубовта, а многу е веројатно дека ќе одмогне. Затоа и ги советуваат дамите да се соземат и да се воздражат, за да не останат изненадени кога тој „одеднаш“ ќе замине. Не е тоа „одеднаш“, туку таа го забележува неговото бегство кога тоа ќе се случи и физички.

Има и такви кои сметката ја плаќаат поради својата љубомора. Бидејќи, доколку е претерана, секој добар гест е победен од дневниот пакет со љубомора.

„Мажите едноставно не поднесуваат вакви испади. Едно кога партнерката му покажува дека и е важно и дека не и годи кога тој се гледа со други или со поранешната, а друго е кога постојано му го проверува мобилниот и го малтретира со прашања зошто бил таму, поради што излегува, зошто се поздравил со колешката, за кога ставил парфем… Тоа не се докази на љубовта, туку болна љубомора, која на ниеден пар не му донела нешто добро. Затоа оние храбрите одлучуваат да си одат од такви личности, а мозохистите остануваат“ – објаснува психотерапевтот.

Ниту оние кои го водат орото не се на листата на пожелни, бидејќи кога ќе почнат премногу да „удираат со палицата“, го одредуваат распоредот и темпото на гледање, ги игнорираат желбите на партнерот, врската е осудена на пропаст. Тоа помалку се поклопува и со приказната дека девојката не го почитува момчето со кое е, па тоа кога – тогаш ќе исплива на површина. Не треба да се заборави дека двајца не се една личност, туку дека секој партнер има право да го изнесе своето мислење и да ги пријави своите потреби, а не само да следи нечии. Папучарите просто не се продажба, иако многу дами сакаат од својот маж да направат таков „вид“.

Студијата правена на Универзитот во Колумбија, во која учествуваа 2.000 испитаници, покажа дека жените кои сакаат да мудруваат и секогаш знаат најдобро, во почетокот може да бидат предизвик, но со текот на времето стануваат товар кој партнерот кога – тогаш ќе фрли од грбот. Тие се најдоа први на оваа листа, бидејќи таквите девојки ја провоцираат нивната суета, можеби им прават и комплекси на пониска вредност, што е многу лошо за посилниот пол.

Како што на мажите не им е лесно со жените кои можат сѐ сами и на партнерот не му дозволуваат да биде машкото, ниту барем понекогаш да добијат третман на принцеза или понежен пол, тие не можат долго да се задржат ниту покрај оние на кои секогаш нешто им недостасува, ги боли главата, ги „дрма“ пмс, тешко им е на работа…

„Никој не сака хипоходрик, ниту личност која константно шири негативна енергија. Кога жената ќе почне да се жали секој ден дека ја боли главата,  а притоа никогаш не оди на лекар, туку само користи изговор за нерасположението или губењето на желбата за секс, секој маж започнува да се чувствува несреќно во таква врска. Само прашање е кога да се спакува и да си оди. Бидејќи, замислете се себе покрај личност која постоја се жали“ – вели Марија.

Листата очигледно е предолга, а на неа се наоѓа и бумерангот кој се одбива од главата на ќената која сака да го менува својот сакан. На почетокот сакала сѐ на него, а тогаш одеднаш и пречи и како се облекува, се потсмева на начинот на кој разговара, ја иритира како се смее… Кој ќе го трпи тоа, размислите самите, пред да дозволите да бидете во врска со таква партнерка.