Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични и со нив се прави ограничување во вршењето на угостителската дејност односно им се дозволува работење само на определени угостителски објекти.
– Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби/прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност и кои работат согласно шифрите на дејност 56 – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна регистрирани согласно Законот за угостителска дејност во Централниот регистар на РМ.
Во ниеден закон, уредба или правилник не постои ново создадениот термин – Ресторани за свадби со кои се ограничувало или се ограничува организирање на свадби/прослави и веселби исклучиво под определени услови во одредени угостителски објекти. Свадби/прослави и веселби меѓу кои спаѓаат и крштевки, родендени, веридби, матурски, дипломски, разни годишнини не се организирале ниту ќе се организираат само во овие т.н. Ресторани за свадби, туку се организирале и ќе се организираат во сите угостителски објекти, велат од НУК.
Според НУК, со новите протоколи е направена неправда и кон музичката индустрија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















