Не е лесно да си мајка на четири деца, но ниту татко во оваа ситуација. Секој татко сака да го обезбеди најдоброто за своите деца.
Овој татко токму тоа се обидува да го направи, но фотографиите кои ги објавува на Инстаграм зборуваат повеќе од милион зборови.
Сајмон Хупер е горд татко на четири ќерки. Тој на својата сопруга ѝ помага со малите близначки, 10-годишната и 7-годишната ќерка.
Хупер како вистински татко оди на пазарување со своите симпатични близначки, ги бања, ги забавува поголемите ќерки, вежба со нив, си игра и речиси и да нема работи кои не ги прави, за нивниот живот да го направи безгрижен и забавен.
Неговите урнебесни фотографии и реакциите на животот со четири ќерки, привлекле големо внимание кај Инстаграм корисниците.
„Сајмон, ти си татко за медал“, е еден од многуте коментари под овие забавни фотографии.