Најдоброто место за живот во Италија – градот на три езера кој туристите сè уште не го откриле

142

Италијанското гратче кое што е сместено во близина на Верона, предизвикува восхит уште на прв поглед и поради езерата со кои што е опкружено, но и поради прекрасната архитектура со која што изобилува.

Мантова или пак Мантуа, е средиштето на истоимената северна италијанска провинција во Ломбардија, а според животот на тамошните жители е на првото место.

Доколку некаде можеме да почувствуваме „la dolce vita“, Мантова би требало да биде вистинската адреса.

Нереална архитектура, куполи и кули, опкружени со прекрасните езера се сцени кои што засекогаш се паметат.

Мантова секако дека вреди да се посети, особено доколку сте одлучни да ги посетите и Верона или пак Гардското езеро кои што од тоа гратче се оддалечени само 40 километри.

Италијанците овој град го споредуваат со „заспана убавица“ затоа што ги задржал своите контури уште од Средниот век, а околните езера кои што го красат само допринесуваат во бајковитиот изглед.

Мантова денес е опкружен со три езера – Lago Superiore, Lago di Mezzo и Lago Inferiore.

Името на градот потекнува од етрурскиот бог Мантус, пандан на Хад, погот на подземниот свет.

Стариот дел од градот кој што е запишан на пописот на УНЕСКО, нуди беспрекорно чувство.

Едно од местата на кое што може да се долови духот на градот е барот „Caravatti“ со погледн кон прекрасниот плоштад Ербе.

Отворен пред повеќе од 150 години, денеска тој е место кое што го чува духот на старото време, а во него и понатаму може да се почувствува вкусот на аперитивот од тоа време, чиј рецепт е тајна, а содржи мирисни зачини и вино.