Службите на Министерството за внатрешни работи (МВР) во општините каде во недела ќе се одржи вториот круг од локалните избори, ќе работат во текот на викендот и граѓаните ќе може да подигаат лични карти
Утре (30 октомври) од 9 до 16 часот ќе работат сите подрачни единици кои потпаѓаат под отсеците за управи работи при МВР Куманово, МВР Велес, МВР Охрид и МВР Тетово.
Од единиците под Отсекот во Штип ќе работат оние во градовите: Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.
Од битолскиот отсек ќе работат единиците во: Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод, додека во Скопје ќе има прием и издавање на лични карти во објектот на МРТВ.
Во недела (31 октомври) на денот на гласање ќе работат истите единици како и тие во сабота, со тоа што тогаш работното време ќе биде од 7 до 19 часот. Дополнително, тогаш во Скопје покрај во МРТВ, ќе бидат отворени и дисперзираните пунктови во Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



