По голема борба во вториот дел, Вардар успеа да се избори за победа и пласман во финалето од годинешното СЕХА Гаспром првенство.
По првиот дел синоќа Вардар водеше против Мешков Брест со 14:10 и навидум работите одеа во добар правец, но Мешков успеа да се врати во вториот дел, дури и да води на неколку наврати.
Тоа како да ги разбуди подзаспаните ракометари на Вардар, за да се вклучат повторно во натпреварот и да одиграат квалитетни последни 10 минути, по што ќе остварат победа со 25:23.
Ова ќе биде седмо финале во историјата на Вардар, во битка против Загреб ќе настапат за 5-та титула во СЕХА Гаспром лигата.
Стојанче Стоилов беше најрасположен за голови, постигна вкупно 7, а треба да се пофали и залагањето на фантастичниот Дејан Милосављев, кој на противникот му симна неколку невозможни удари.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-100x70.webp)



