Милијардерот нурна во длабочините на мистериозната „Сина дупка“: Неверојатно откритие на длабочина од 124 метри

214

На почетокот на овој месец, милијардерот Ричард Бренсон тргна во неверојатна мисија со цел да ја реши една од најголемите мистерии на океаните – големата „Сина дупка“ во Белизе.

Сината дупка во средината на коралниот гребен кај Белизе е втората најдлабока морска дупка на светот после Дупката на Змејот во Јужното кинеско море. Има пречник од 318 метри и длабочина од 124 метри.

Оваа дупка привлекува голем број на нуркачи, но малку се знае за потеклото на ваквите појави во океаните.

Бренсон, сопственик на компанијата “Virgin” нурна во длабочините на дупката со тим на научници и нуркачи. Тие се спуштија во длабочините со специјалната подморница наречена „Акватика“, а гледачите можеа да ја следат експедицијата во живо.

Бренсон со својот тим не само што беше прв кој што се спушти во дупката, туку направи и снимки од висока резолуција и детална 3Д мапа од внатрешноста на големата „Сина дупка“. Целта на експедицијата беше да се соберат и анализираат податоци за квалитетот на водата и бактериите кои што живеат таму.

Како што соопштија од тимот на Бренсон, откриено било дека таа подводна структура не била отсекогаш дупка. На јужниот ѕид бил откриен подводен систем на пештери каде што биле забележани огромни сталактити.

„Тоа се јасни докази дека големата „Сина дупка“ некогаш била пештера, со оглед на тоа што сталактитие настануваат само во сувите пештери“, изјави Ричард Бренсон.

Тој тврди дека неговата експедиција докажала дека нивоата на морето порано биле многу пониски од денес и дека драматично пораснале поради климатските промени. Се претпоставува дека тоа зголемување го предизивикало пропастот на цивилизацијата на Маите помеѓу 800-та и 1000-та година.

Бренсон истакна дека се надева дека оваа акција ќе влијае на луѓето и ќе ги натера да обрнат внимание на сочувување на морето и океаните.

loading...