Мигранти влегле под хаубата и контролната плоча на автомобилот

271

Двајца биле третирани поради асфиксија, дезориентација и болки во зглобовите поради начинот на кој патувале. Се обиделе да побегнат од Мароко во шпанската енклава на северот на Африка.

Шпанската полиција пронашла четири мигранти кои се обидувале да влезат во Европа. Бегале од Мароко, а уловени се на влезот во шпанската енклава на северот на Африка.

Во еден автомобил биле пронајдени 15-годишна девојка и две момчиња, на возраст од 20 до 21 година. Двајца од нив биле третирани поради асификација, дезориентација и болки во зглобовите поради начинот на кој патувале.

Имено, тие влегле под хаубата и контролната плоча на автомобилот, додека еден бил зад страничното седиште во автомобилот.

Четвртиот мигрант бил пронајден во шпанското пристаниште Мелила, се криел под подот на камионот. Полицијата вели дека го искористил невниманието на возачот за да се сокрие под камионот.

Сите мигранти се Мароканаци, а возачите биле задржани во притвор и ќе мора да се појават пред судија.