Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави проект за уривање на Владата на Зоран Заев. Тој не откри детали од проектот за паѓање на Владата но рече дека првиот чекор ќе биде интерпелација на министерот за европски прашања Никола Димитров поради дебаклот кој ни се случува на отворена сцена поврзано со надворешната политика.
– Не знам ако нешто е по актуелно од ова, но јас не можам да се сетам. Чекор по чекор, првиот ресор е меѓународната политика, па здравството, политичкиот систем, почекајте чекор по чекор ќе одиме – рече Мицксоки.
Според Мицкоски, Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина, но распродале се што можело да се распродаде овие 4 години и за ова мора да се понесе одговорност.
– Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност – рече Мицкоски.





![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

















![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-100x70.png)



