Миа Костова до Филипче: Упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5 и 15 сабајле… дај докторе замини, почнавме да зеваме“!

103

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека оние што прележеле Ковид 19 немаат, односно имаат многу помал имунитет од оние што се вакцинирани. Дури и оние со една доза од вакцината.

Така барем излегува, зашто првиве по 45-тиот ден од прележувањето на заразата, не можат речиси никаде да влезат… Од кафеана и кафуле до спортски натпревар или културен настан, за разлика од имунизираните со само една доза, на кои сите врати им се отворени иако врвните имунолози тврдат дека една доза не прави имунитет. Нешто што и на обичниот човек му е јасно дека „не држи вода“, а камо ли на лекарската, стручната и научната фела.

„Јасни се препораките дека природниот имунитет после прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној којшто е потраен. Во таа смисла, Американскиот центар за контрола на болести тоа го укажува, Светската Здравствена Организација тоа го укажува, според препораките 10 дена после тестирањето кај асимптоматските пациенти се препорачува вакцинација.

Значи, сите препораки одат кон тоа за што пократко време, луѓето да се имунизираат. Точно е дека има студии коишто препорачуваат и коишто констатираат дека луѓето, граѓаните имаат имунитет и после 5-6 месеци по прележувањето на болеста, дури студии и после 8 месеци, меѓутоа природниот имунитет се намалува.

Имајќи предвид дека имаме препораки за што поскоро вакцинирање битно е граѓаните да се вакцинираат и за што пократко време да се постигне колективен имунитет. Не можеме веќе да чекаме и да се соочуваме со нови бранови, а низок процент на вакцинација. Тоа е логиката и за препораката од 45 дена по прележувањето граѓаните да се вакцинираат. Нема зошто да се одложува вакцинацијата, а бенефитот е подигање на колективниот имунитет, за целосно да се смени сликата со пандемијата“ – порача министерот Филипче на социјалните мрежи и предизивика бура од коментари, негодувања, па дури и исмевања.

Меѓу оние кои го  коментираа тврдењето на министерот покрај обичните граѓани имаше и јавни лица и познати личности од разни области, но најмногу се издвои коментарот на македонската ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова, која ионака е позната по тоа што нема „влакна на јазикот“, па го „закопа“  Филипче со тоа што му го порача:

„Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпоновани, он упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5:15 сабајле. Дај докторе замини, почнавме да зеваме“!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Венко Филипче/miandrija