Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски денеска го стартува својот ултра маратон, во кој ќе се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид, во знак на поддршка на лицата со ретки болести.
Маратонот почнува во 15 часот од кај Градското пристаниште во Охрид, а предвидено е кружната патека преку езерото да ја заокружи утревечер на истото место.
Марко Пејчиновски минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач, кој ја препливал таа делница, со што се вмеша меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем што и самиот тој се соочува со здравствени проблеми, односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.
Инаку, за престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што се продаваат по цена од 300 денари, а целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.
За минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна Буба Мара на популарноста“.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)




















