Тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот, и четири лица од Црвениот Крст на РСМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој вчера изутрина ја погоди земјата.
Тимот е координиран од Дирекцијата за заштита и спасување, која како што соопшти ги презема сите потребни организациони подготовки за испраќање помош на настраданото население.

Освен тимот, ДЗС испрати и 11 возила со специјализирана опрема за спасување и расчистување на теренот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија.
Во силниот земјотрес што вчера ја погоди Албанија, загинаа најмалку 20 лица, а над 600 се повредени.

Освен што се испратени екипи за помош на местото на настанот, отворени се и линии за донации, како и трансакциска сметка.
Сите оние кои сакате да помогнете, само завртете на овие броеви, или пак, доколку сте во можност, појдете утре до најблиската експозитура и извршете трансакција.
Телефонски броеви за донации:
070/143 400
075/143 400
077/143 400
Бројот на жиро сметката на фондот за солидарност е 300000001327966 – на која може да се уплатат парични средства.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











