Во оваа тешка ситуација во која што се наоѓа целиот свет, ваквите приказни ја враќаат насмевката и убавите емоции кај секој човек.
Напаѓачот на шпанската Мајорка, Лаго Џуниор, ја запросил својата девојка Фабиола Параљо во текот на изолацијата во семејниот дом додека се гледала нивната мала ќерка Ајлен.
Џуниот клекнал со прстенот во рака и ја побарал раката на својата најголема љубов со насмевка на лицето додека во другата рака ѝ била ќерката Ајлен.
„Љубов моја, имав други планови со семејството, пријателите и другарите, но околностите ме наведоа да го променам местото и компанијата. Поминавме многу заедно. Поминавме низ тешки моменти и насмевки, патувања, вечери и заеднички живот каков што сакаме. Знаев дека тоа ќе бидеш ти откако ја видов таа насмевка. Знаев дека еден ден пред тебе ќе клекнам на колена и ќе го извадам прстенот од џебот и ќе те прашам дали ќе се омажиш за мене, ќе те прашам дали ќе бидеш покрај мене целиот живот. Го остварувам тоа што го сакам со тебе, секој ден од животот да го поминам со тебе и нашата ќерка. Те сакам“ – напишал во емотивната порака фудбалерот.