Во морето вести за коронавирусот од целиот свет, отскокнува позитивна љубовна приказна која е во зачеток. Најинтересното е што засега е овековечена во три кратки видеа.
I дел – прв контакт
Сè започна кога Џереми Коен здогледа девојка која откачено танцуваше на кровот на соседна зграда. Откако ја поздрави со мавтање, а разиграната Тори му возврати, тој ѝ испрати порака со неговиот телефонски број со помош на дрон.
„Почувствував чудна поврзаност со неа“ – изјавил тој.
Набрзо таа го контактира.
II дел – прв состанок
Џереми ја покани Тори на состанок. Но, бидејќи Бруклин е во карантин, тој организира нејзината цимерка да постави маса со романтична вечера на нивниот кров.
Џереми остана на неговиот балкон, а комуникацијата одеше преку FaceTime.


III дел – прва средба
За првата средба, Џереми се затвори во голем проѕирен „меур“ за да ги почитува мерките за заштита од коронавирус.

















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)



















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-100x70.jpg)


