Бразилската конгресменка Флорделис Де Суза е обвинета за нарачување на убиството на својот сопруг, пасторот Андерсон До Карма.
Во Андерсон До Карма било пукано повеќе од 30 пати во нивниот дом во јуни минатата година. Од полицијата на Рио Де Жанеиро е соопштено дека е поднесено обвинение против вкупно 11 лица поврзани со неговото убиство.
Во рамките на истрагата, полицијата издала двете налози за апсење и 14 налози за претрес во неколку градови ширум Бразил, вклучувајќи го и налогот за претрес на домот на обвинетата конгресменка.
Полицијата соопшти дека мотивот за убиство на Сузан би можела да биде „борбата за моќ и нејзината финансиска еманципација“.
Инаку, Де Суза е избрана за сојузна пратеничка и поради тоа има парламентарен имунитет. Засега не е издаден налог за нејзино апсење.