Во Хрватскиот народен театар во Сплит денеска се одржа комеморација во чест на Оливер Драгојевиќ. Освен државниот врв предводен од хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и премиерот Владе Андреј Пленковиќ, на настанот присуствуваа многу колеги на хрватската музича ѕвезда, меѓу кои Северина, Тони Цетински, Џибони, Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ, Горан Каран.. По емотивните говори, присутните во салата станаа и хорски го запејаа хитот на Оливер, евергринот „Вјеруј у љубав“.

Денеска во Хрватска е „Ден на национално сочуство“. Во чест на Драгојевиќ знамињата ќе бидат спуштени на пола копје, но нема да се откажуваат најавените претстави. Музичката ѕвезда испишува историја, бидејќи првпат во оваа држава на таков начин некому му се оддава почит. Драгојевиќ е прогласен и за почесен граѓанин на Сплитско-далматинска жупанија.
Погребот е закажан за утре во 18 часот.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



