Кога ќе ти кажат да замолчиш, баш тогаш треба да викаш најгласно на свет!

101

Луѓето цел живот ќе ти кажуваат дека нешто не правиш како што треба. Не се нервирај. Остави го тоа. Премолчи. Биди поголем човек.

Јас ќе ти кажам: НЕМОЈ.

Никогаш немој да молчиш за работите кои те повредуваат. Немој да им премолчуваш на оние кои те нервираат. Тие премолчени реченици остануваат во тебе и како црв почнуваат да ја јадат твојата самодоверба. Мислиш дека тоа што ти е кажано има некаква основа затоа што не си застанал/а во своја одбрана. А зошто не го направи тоа?

За да бидете добри и културни. За да бидете поголем човек. Или да се водите по тоа дека попаметниот попушта. Нема ништо попаметно од тоа гордо да се исправите и да пуштите глас. Да кажете дека нешто не е во ред. Дека другата страна не е во право. Па и да опцуете ако треба. Да се спротиставите на насилникот.

Зошто е важно да не молчите? Затоа што со причина ви се дадени гласот за зборување и мозокот за мислење. Затоа што имате срце и треба да чувствувате и затоа што секојпат кога ќе почувствувате нешто, треба и да го кажете тоа. Неизговорените чувства, особено оние кои ви создаваат неудобност, се таложат во вас и од вас создаваат мрачна и незадоволна личност. Секојпат кога ќе дозволите некој директно или индиректно да биде злобен кон вас, а вие ја вртите главата, додека желудникот ви се грчи, вие сте создале рана во вашата душа. Зошто да се ранувате себеси поради туѓите злобни мисли?

Кога ќе ви кажат дека сте глупави и дека треба да молчите, баш тогаш треба да зборувате на цел глас. Никој никогаш нема да ве сака онолку колку можете да се сакате самите себеси, затоа што никој не може да ве познава подобро отколку што вие се познавате себеси. Никој не знае колку пати сте плачеле поради туѓи коментари кои преспале во вас, а вие сте ги премолчеле. Кога ви шепотеле зад грб, а сепак ти зборувале додека ве гледале во очи. Затоа ЗБОРУВАЈТЕ! Секојпат кога ќе помислите дека нешто не е во ред: Викајте! Пишувајте! Зборувајте!

Никако не го чувајте тоа во себе. Отровно е во себе да ги чувате туѓите злобни мисли и коментари. За вас, за вашата душа и за оние кои ги сакате. Порано или подоцна, туѓата негативна енергија ќе ја насочите кон оние кои ги сакате, само затоа што сте им молчеле на оние кои не се важни. Немојте! Ако умеете да им кажете нешто на мајката, братот, сопругот или сопругата, ако умеете да им подвикнете на децата и на оние кои највеќе ги сакате, зошто би им молчеле на оние кои не се важни?

Затоа, секојпат кога ќе почувствувате дека нешто ве боцка во градите, секојпат кога отровна стрелка ќе се забоде во вашето срце, извадете ја, ставете лек на раната и возвратете! Возвратете како дама! Возвратете како господин! Возвратете, затоа што ако не се заштитите себеси, другите нема да ве заштитат. И никогаш не дозволувајте другите да ви кажуваат дека не треба да се замарате за ситници.

Ако ве заболело, тогаш не е ситница!

loading...