Делови од протоколите за работа на угостителските објекти ќе мора да бидат изменети поради тоа што не можат практично да се применат, најави денеска директорот на Пазараниот инспекторат Стојко Пауновски.
Тие делови главно се однесуваат на одредбата за тоа дека на една маса може да седат членови на едно семејство, терасите на угостителските објекти да бидат отворени од три страни и онаа за легитимирање на гостите за да се утврди фамилијарна поврзаност.
Во интервју за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Пауновски вели дека од вчера инспекторите се на терен и заедно со угостителите ја утврдуваат применливоста на протоколите.
„Оние протоколи кои не се применливи, односно кои на угостителите ќе им биде тешко да ги применат и над кои не можеме да извршиме надзор, можно е да бидат променети. Таков е примерот за ограничувањето на бројот на гости на една маса и проверка на нивната роднинска врска. Исто така, протоколот вели терасите да бидат отворени од три страна. Но објектите се отворени само од една страна, бидејќи тие се поставени едни до други. Значи ќе мора да претрпат измени“, рече Пауновски.
За легитимирањето на гостите, Пауновски рече дека тоа може само за да се провери дали некој има 18 години, доколку побара алкохол.
„Ако свеста и совеста ни е на високо ниво, и ако се применуваат основните мерки за растојание, Пазарниот инспекторат нема да казнува за се и сешто. Имаме предвид дека не работеле над 2,5 месеци и сакаме и тие да ја пребродат кризата“, изјави Пауновски.





![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

















![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-100x70.png)




