Кинески систем за вештачка интелегенција победи 15 лекари во дијагностицирање на тумори

329

Системот за вештачка интелегенција Ал, ги победи 15. водечки кинески лекари во дијагностицирање на тумор на мозокот и предвидувањата за ширење на хематоми, со резултат два према еден, пренесе хрватскиот портал Индекс. Овој систем познат и како BioMind, е резултат на Истражувачкиот центар за вештачка интелегенција и невролошки нарушувања на болницата Тиантан во Пекинг и претставува уште еден пример од низата технологии за анализа на слики.

Во дијагноза на туморите BioMind достигна високи 87 проценти, во однос на точноста од 66 отсто која ја остварија медицинските експерти. Покрај тоа на Ал му биле потребни само 15 минути за откривање на 225 елучаи, во споредба со 30 минути кои им биле потребни на лекарите.

BioMind повторно покажа надмоќ и во предвидувањето за ширење на хематоми на мозкот, каде достигна резултат од 83 проценти, додека лекарите успеале да остварат само 63 проценти.

Целта на овој проект е лекарите што подлабоко да ја разберат вештачката интелегенција и да ги отстранат предрасудите кон овој систем.