Ким Кардашијан извадила ребро за да има потенок струк на Мет Галата

152

Што се крие зад гламурот, сјајот, светките и латексот на “модните Оскари” односно познатата Мет Гала?

Кланот Кардашијан повторно ги украде сите погледи на црвениот тепих и го привлече вниманието на медиумите со спектакуларниот изглед, но нивниот пат не бил лесен. Припремите биле жестоки, а д-р Бенџи Дилон, експерт по козметологија, открил какви сè корекции направиле тие за да заблескаат во полн сјај.

Како што вели д-р Дилон, Кајли Џенер во пресрет на Мет Галата ги пополнила усните со филери и хијалурон кој го додала во образите и вилицата за да ги преобликува.

Ова е фотографија од Џенер пред две години – ја гледате ли разликата?

Усните на Кендал Џенер изгледале пополни од претходно, а за тоа не е заслужна само добрата шминка.

На фотографијата од минатата година се гледа дека додала и малку ботокс во пресрет на настанот бидејќи лицето ѝ изгледа помазно од претходно, вели докторот.

Ким на 38 години изгледа младо, поради ботоксот. Филерите во образите го постигнале тој фамозен “контуриран изглед”, а како што вели д-р Бенџи, таа додала и хијалурон во усните.

Разликата е повеќе од евидентна.

На социјалните мрежи се разви полемика и дека Ким извадила ребра за да постигне тенок струк. Дали е до тренингот и корсетот или до хирургот, не сме сигурни. Што велите вие?

Фото: Инстаграм, Профимедиа
loading...