Контроверзниот рапер, Каније Вест, не престанува да изненадува со своите изјави и постапки.
Сега објави дека во 2024-та година ќе се кандидира за претседател на САД, но и дека претходно најверојатно ќе го промени името.
„Кога луѓето велат дека е лудо да се нарекувате милијардер, тогаш мислам дека треба да го променам името во ‘Christian Genius Billionare Kanye West’, сè додека не сфатат сите што точно значи тоа“, рекол Каније неодамна, осврнувајќи се на можноста за кандидатура.
„Кога ќе се кандидирам за претседател во 2024-та…“, рекол Каније, на што публиката изреагирала со смеење.
„Што се смеете сите?“, прашал. „Сите велат дека Каније е луд. Секој трет Афроамериканец е во затвор и сите селебрити се во затвор бидејќи им е премногу страв да кажат такво нешто“, додал тој и рекол дека ќе ја зголеми вработеноста на луѓето во САД ако стане претседател.
Овој рапер веќе со ништо не може да ги изненади своите фанови, па дури ниту со претседателска кандидатура.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)


















