Палачинките спаѓаат во најубавите слатки и се нешто што секој од нас дома го зготвил барем неколкупати.
Тоа се американските палачинки, кои се разликуваат од оние на кои сме навикнати, но дефинитивно хит станаа јапонските палачинки.
Тие се дебели, малку повеќе од американските, но многу се меки и воздушести. Лесно е да ги направите, а еве кои состојки се потребни и како се подготвуваат.

– 3 лажици шеќер
– 2 јајца
– 3/4 шолји млеко
– 1 лажица екстракт од ванила
– 1 и 2/3 шолји брашно
– 1 и 3/4 лажици прашак за пециво

Во голем сад изматете ги јајцата пенасто, потоа додадете го млекото и екстрактот од ванила. Во друг сад измешајте го брашното, прашакот за пециво и шеќерот и додадете ги во смеса која треба да биде течна. Оставете смесата за палачинки да отстои околу 15 минути.
Ставете голема тава со малку масло. Потребна е средна температура на рингла. Истурете една порција од тестото (тоа е една четвртина од тестото) и почекајте додека не се појават меурчиња. Тогаш палачинките се спремни за превртување.
Кога ќе се испражи од другата страна, палачинката послужете ја со сируп, овошје или карактеристично – јапонски путер.





![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

















![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-100x70.png)



