Фудбалската иднина на Кристијано Роналдо ќе биде една од темите што ќе го обележи почеткот на преодниот рок.
Португалецот беше донесен да му овозможи на Јувентус да ја освои Лигата на шампионите, оваа сезона не само што не успеа да направи значаен резултат во елитното натпреварување, туку тој и клубот остнаа и без титулата во Серија А.
Оваа сезона може да се претвори во вистинска катастрофа за Јувентус, доколку не успеат да изборат пласман во Лигата на шампионите.
Медиумите редовно се занимаваат со судбината на Роналдо. Изминатите недели се шпекулира дека тој ќе се врати во Манчестер јунајтед.
Новинарот на „Спортмедиасет“, Клаусио Рајмонди, тврди дека Роналдо и наредната сезона ќе биде во Јувентус, а откако ќе му истече договорот ќе се врати во Спортинг од Лисабон каде ќе ја заврши кариерата.
Роналдо, за Спортинг има одиграно 31 натпревар (постигнал пет гола). Во 2003 година за 19 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











