Гвардиола: Зошто им дадовме девет гола? За да им покажеме почит…

0
37

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, синоќа изведе навистина силен состав на мегдан со третолигашот Бартон, нареди максимална сериозност и што е можно повеќе голови во мрежата на малиот клуб. „Граѓаните“ на крајот дојдоа избројаа до девет и тој резултат (9:0) покрена одредени полемик во фудбалскиот свет: Точно, битка е за финале, но дали Сити можеше барем малку да прикочи?

Пеп вели по ниту една цена, бидејќи така би покажал непочитување кон својот ривал…

„Во финале сме, тоа е најважното. А зошто постигнавме толку голови? Па тоа е најдобриот начин на противникот да му покажете колку го почитувате. Ако се опуштите, тоа значи дека немате почит за ривалот. Овој приод е најдобриот. Секако дека и вториот меч мораме да го сфатиме сериозно, не можеме да кажеме: „Ох, па тоа е Бартон“. Ако водите 4:0 и одеднаш застанете, тоа значи дека не сте го испочитувале противникот“, изјави Гвардиола и додаде:

„Сега одам на чаша вино со мојот колега од Бартон Најџел Клаф. Знам многу добро кој бил неговиот татко и колку големи работи има направено за англискиот фудбал. Ќе ми биде задоволство да поразговарам со неговиот син“, на што Клаф јуниор „шмекерски“ дофрли: „Се надевам дека нема да биде само една чаша“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here