Грција им понуди втора шанса на невакцинираните здравствени работници односно да им дозволат на оние кои се веќе суспендирани да се вратат на работа, бидејќи стотици од нив протестираа против задолжителната вакцинација.
Грција суспендираше од нивните работни места скоро 6.000 здравствени работници кои го пропуштија рокот 1 септември за да примат најмалку една доза вакцина против ковид-19. Стотици работници во четвртокот излегоа на улиците во Атина и другите грчки градови по втор пат за помалку од еден месец, во знак на протест против новото правило.
Службеник на синдикатот за болничките работници рече дека вкупно 10.000 невакцинирани вработени би можеле да бидат суспендирани, што ќе ги прекине операциите во грчките болници со недоволен персонал во време кога инфекциите и натаму се високи и најверојатно ќе се зголемат понатаму.
Околу 53 проценти од грчкото население е целосно вакцинирано и властите се надеваат дека до есен ќе ја зголемат таа бројка до 70 проценти. Грција во четвртокот објави 2,840 нови инфекции на коронавирус и 33 смртни случаи.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











