Гените се чудо: Татко ѝ е познат заводник, а таа ја освојува модната сцена

343

Ќерката на познатиот актер Џад Лоу, прераснала во вистинска убавица.

Ирис Лоу, 18-годишната ќерка на Џад Лоу, се појавила на премиерата на филмот “Fantastic Beasts: The Crimes Of Grindelwald”, за да му пружи поддршка на својот славен татко.

Ирис за оваа прилика одбрала светкав комбинезон, во кој делувала одмерено, ненападно и модерно.

Ирис Лоу ја започнала својата кариера како модел пред две години, а најголем успех остварила соработувајќи со британската модна куќа “Burberry”. Познатата модна куќа ја избрала за глобален амбасадор, а кога ја добила работата за “Vogue” рекла дека се чувствува почестено, како и дека е малку нервозна.

18-годишната Ирис е најстарата ќерка на актерот, која ја добил во брак со сега веќе поранешната сопруга Сади Фрост.

Џад и Сади се венчале во 1997. година. Добиле два сина и ќерката Ирис. Парот се развел во 2003. година.

Џад има уште две деца со различни жени. Ќерката Софија со моделот Саманта Бурк и ќерката Ада со Кетрин Хардинг.

loading...