Франција во шок и тага по убиството на тројца полицајци

191

Во драматичен обид за спасување на жена од партнерот-насилник тројца полицајци беа убиени а уште еден ранет од страна на насилникот. Нападот предизвика тага, а изрази на сочувство пристигнаа од самиот врв на државата.

Во вооружена престрелка која се случи ноќеска по полноќ во централна Франција се убиени тројца полицајци, а еден е ранет. Челниците на француската полиција потврдија дека во пукотницата во централна Франција се убиени тројца полицајци, а оти уште еден полицаец е ранет.

Полицајците реагирале на повик поради насилство во семејство и на нив пукал 48-годишен маж, кога се обиделе да спасат една жена, пренесува агенцијата Ројтерс. Мажот потоа ја запалил куќата.

Жената побегнала на кровот, а како што пренесуваат медиумите, таа сега е на безбедно. Мажот кој се сомничи за убиство на тројцата полицајци, е пронајден мртов, соопшти на Твитер министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Напаѓачот е познат на полицијата околу проблеми за чување на деца.Градоначалникот на градот Сен Жист, Франсоа Шотар, кој се наоѓа во близината, изјави дека специјалните сили излегле на лице место откако се случила пукотницата во селото, пренесуваат медиумите.

Министерството за внатрешни работи наведе дека убиените полицајци биле на возраст од 21, 37 и 45 години.Четвртиот полицаец не е во животна опасност, додаваат од министерството.

Frankreich Saint-Just | Drei Polizisten bei Rettungsversuch getötet

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека полицајците „ги дале своите животи“ за да спаси жена која „била жртва на семејно насилство“. „Тие се наши херои“, напиша Макрон за полицасјците на Твитер.

Во Франција, во минатата година беа регистрирани 146  таканаречени фемициди – односно убиства на жени од страна на нивните партнери.