Силно невреме го зафати Дојран, предизвикувајќи материјална штета. Градоначалникот ги повика граѓаните да пријават штети и непроодни улици за брза интервенција.
Силно невреме ја зафати општината Дојран
Силно невреме синоќа го зафати Дојран. Причинета е материјална штета, а градоначалникот ги повика граѓаните да пријават штети.
„Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Би сакал да ве известам дека екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети, и на терен ќе останат цела ноќ, се до нивно расчистување. Ве охрабрувам да останете спокојни, а во текот на утрешниот ден ќе се нормализира функционирањето на градот. Ве повикувам да пријавите непроодни улици, поплавени куќи, подруми, како би можеле да интервенираме брзо и соодветно“, објави синоќа градоначалникот, Илија Тентов.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























