ФК “Кул” прераснува во вистинска национална гордост

3726

Пред наши очи се раѓа еден вистински “бисер” во младинските категории.

Тимот на ФК “Кул” (генерација 2010) бележи досега невидени резултати во конкуренција на т.н. “Помали петлиња”. Младите таленти ја освоија регионалната ФФМ “Скопска лига” на доминантен начин и го заслужија првото место во сите групи за сезоната 2023/2024.
Извојува 16 победи во 17 натпревари, притоа не претрпувајќи ниеден пораз со само еден нерешен меч.
Доколку се погледне “гол разликата”, тогаш резултатот е повеќе од импресивен имајќи во предвид дека имаат постигнато 86 голови а примено само 4.

Нашите млади фудбалери имаат и сериозно добри резултат на интернационално поле.
На почетокот од оваа календарска година го освоија турниорот во Волос (Грција) што беше и главна причина да добијат покана за најсилниот интернационален турнир во регионот и пошироко.
Пред неполн месец учествуваа на “Елит Неон Куп” во Атина каде во фантастично силна конкуренција обезбедија 4 победи (и само еден пораз) со што го завземаа 17-то место во конкуренција на речиси 50 најсилни младински тимови и академии.

Со одличните резултати на домашната сцена како и се почестите победи над моќни странски клубови, иднината на нашиот младински фудбал е повеќе од светла.

Димитар Младеновски