Еден работен час на милијардерот и иноватор Илон Маск чини неверојатни 900.000 долари. Тоа го пресметале експерти кои во предвид ја земале неговата просечна плата и податокот кој сам го изнесе, а тоа е дека работи 120 часа во неделата.
Вредноста на неговата компанија Тесла минатата недела порасна за 11 %. Некои проценуваат дека Илон Маск заработил 1,43 милијарди долари. Во интервју за Њујорк Тајмс, Маск говореше за својот работен план, а пријателите веќе одамна го советуваат да земе одмор.
Слободна недела немал од 2001 година кога заболел од маларија, а имало периоди кога три-четири дена не излегувал од фабриката.

Маск стана нов симбол за работохоличарите, бидејќи и на венчавката на својот брат присуствувал само неколку часа и се вратил во компанијата каде одржувал состаноци.
Факт е дека од неговата визија направи компанија, но неговиот распоред ги присилува сите да се запрашаат колку всушност вреди еден работен час на Илон Маск и колку тој би изгубил доколку би отишол на одмор.

Се претпоставува дека Маск е “тежок” 23 милијарди долари, бидејќи неговите примања во SpaceX не се познати. Со оглед на тоа дека во просек работи 17 часа дневно, а дека во текот на 10 години заработил 55,8 милијарди долари, тоа значи дека еден работен час на Маск вреди околу 900.000 долари.

Сепак, тој нема гаранција за својата прекувремена работа, бидејќи неговата плата зависи од исходот. Доколку го исполни неговиот план според предвидениот договор, тој може да очекува плата, доколку не го направи тоа, плата нема да има.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)


















