Две пратки со отровот рицин го кренаа на нозе Пентагон

687

Две пратки со отровот рицин го кренаа на нозе Пентагон. Обезбедувањето во Пентагон прогласи тревога во службата за прием на пратки, откако пристигнале неколку пликоа кои содржеле траги од отровот рицин.

Центарот за дистрибуција на поштата, каде што пристигнале писмата, не е во Пентагон, но е во близина, велат официјалните претставници. ФБИ ја води истрагата, заедно со Агенцијата за заштита на силите на Пентагон. Од ФБИ се очекува да спроведе втор тест за да го потврди првичниот наод.

Поштата била упатена до секретарот за одбрана Џим Матис и адмирал Џон Ричардсон, началникот на поморските операции, соопшти официјален претставник.

Портпаролот на Пентагон, полковникот Роб Менинг, вели дека целата пошта што ја добиле во понеделникот е моментално под карантин и не претставува закана за персоналот на Пентагон.Официјален претставник на одбраната соопшти дека е крената узбуна бидејќи поштата содржела леплива супстанца.

Специјални полициски тимови интервенирале и во Хјустон, во Изборниот штаб на републиканскиот сенатор Тед Круз, каде пристигнало писмо со бел прав, за кој се испитува дали е отров.

Засега нема информации дали некој се затрул во инцидентот во Вашингтон, додека во Хјустон, две лица ангажирани во штабот на Круз биле хоспитализирани како мерка на претпазливост, додека да се утврди за коков прав станува збор.

Во 2001 година пет лица починаа, а 11 беа затруени кога серија писма кои го содржеа отровот антракс беа испратени на адреси на конгресмени.