Дортмунд потврди дека можело да има трансфер бомба од Манчестер Јунајтед

41

Претставниците на Борусија Дортмунд, буквално ги потврдија шпекулациите кои лебдеа над навивачите за евентуален трансфер на играч во Манчестер Јунајтед.

Спортскиот директор на „милионерите“, Михаел Зорц, потврди дека имало средба со управата на „црвените ѓаволи“ за евентуален договор за Џејдон Санчо.

Младиот офанзивен играч кој плени со својата игра, е посакуван од Манчестер Јунајтед, а овде може да падне голема сума на пари, односно ова може да биде еден од петте најскапи трансфери во Европа.

Имавме средба со Манчестер Јунајтед, жешката тема беше Џејдон Санчо, имавме консултации и разговори. Но од она што јас сега го знам, претседателот на клубот ни соопшти дека колку и да понуди пари Манчестер Јунајтед, ние сме согласни да не го пуштиме ова лето. Исто така, играчот немаше намера да ја напушти Германија“, тврди Зорц.

Санчо минатата сезона забележа 17 голови во 27 натпревари во Бундеслигата, а минатото лето одбил исто така и обид на Сити да го ангажираат кај „граѓаните“.

loading...