Данскиот иноватор кој ја распарчил новинарката ќе остане доживотно зад решетки

903

Данскиот иноватор ќе мора да отслужи доживотен затвор поради убиство и распарчување на телото на шведската новинарка во неговата подморница, објавил судот.

Петер Мадсен во април бил прогласен за виновен за убиство и мачење на 30-годишната Ким Вал во подморницата во пристаништето во Копенхаген во 2017. година.

Ким Вал прифатила да оди со него во подморницата за да направи репортажа за него

Тој не се жалел на пресудата, па судот само донел одлука за доживотен затвор. Во Данска таа казна обично трае 15 години, но во случајот на Мадсен навистина ќе трае доживотно.

Потсетуваме, Вал го интервјуирала Мадсен за американското списание “Wired” за трката со една данска група околу праќањето на првите луѓе во вселената на ракета од домашно производство, рекло нејзиното момче на судењето во април.

47-годишниот Мадсен бил добро познат во Данска и пред апсењето. Го знаеле како иноватор кој сонува за истражување на непознати светови. Изградил своја подморница и планирал приватно патување во вселената. Обвинет е за убиство со умисла, сквернавење на покојник и сексуален напад на Ким Вал, која му правела друштво во подморницата пишувајќи ја нејзината статија.

Обвинителите тврделе дека станува збор за “контрол-фрик” кој мечтаел за злоставување, убивање и распарчување на жени.

Ја избодел со нож во меѓуножјето, а потоа ја распарчил на делови

Се верува дека Мадсен ја врзал својата жртва пред да ја претепа, неколку пати ја избодел со нож во подрачјето на гениталиите и на крајот ја убил. Потоа го распарчил телото, а деловите, главата, рацете, нозете и торзото, ги ставил во посебни вреќи и ги фрлил на дното на заливот покрај Копенхаген.

Обвинителите сметале дека се испланирал однапред, бидејќи пилата, ножот, пластичните стеги и вреќите ги понел со себе на подморницата. Уверени биле дека гледал фетишистички филмови во кои биле злоставувани жени, декаптирани и живи запалени. Инспекторите пронашле и такви филмови во неговиот компјутер. Мадсен тврдел дека не се негови и дека Вал умрела во несреќен случај.

Уапсен и затворен бил непосредно по исчезнувањето на младата новинарка. Иноваторот тврдел дека таа умрела во несреќен случај, а дека во паника нејзиното тело го распарчил и го фрлил во море.

Со обдукцијата не било возможно да се утврди причината за смртта на Ким, чие торзо без глава и екстремитети било пронајдено на неколку места во заливот Коге, кој ја одвојува Данска од Шведска.

Потсетуваме, Вал, независна шведска новинарка, исчезнала на 10. август минатата година.