Од почетокот на кризата во Украина сите погледи се префрлија натаму, а ковид-кризата како да се заборави, Но, ковид-19 сѐ уште е тука. За новостите околу пандемијата во Утрински брифинг зборуваше д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.
-Сега се наоѓаме во жолта фаза, имаме нови заболувања, но таа бројка е константна. Можеби се намали бројот на починати лица. Намален е интересот за имунизација и тоа драстично. На територија на град Скопје за имунизација против ковид-19 функционираат четири пункта, вели д-р Виктор Исјановски.
Тој додава дека третата доза е потребна и препорачлива, а така граѓаните полесно ќе можат да патуваат.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















