Четири работи кои никако не смеете да ги кажете на разговор за работа

858

Разговорот за работа е прилично стресна ситуација во која луѓето можат да изнакажат сешто.

За тоа воглавно се свесни и работодавачите, па обично не ги земаат предвид ситните пропусти или непромислени изјави, но постојат некои работи преку кои не можат да преминат.

За што точно станува збор, за магазинот „Glamour“ откриле деловните експерт Дејл Вилијамс и Шинеад Бантинг, кои издвојуваат четири работи кои никако не би смеете да ги кажете кога ќе бидете „очи во очи“ со потенцијалниот работодавец.

Не го наведувајте перфекционизмот како маана

Со овој стар трик никого нема да успеете да импресионирате. Секој работодавец веќе многупати на разговор за работа ја слушнал оваа „маана“ која всушност е предност и тоа сигурно не е нешто со што ќе го освоите, напротив, поради тоа би можел да ве одбие. И во овој случај, како и во повеќето животни ситуации, најмногу се исплати да бидете искрени. Работодавецот секогаш повеќе ќе цени некој кој отворено зборува за своите маани од оној кој ги истакнува своите предности.

Не го озборувајте поранешниот шеф

Ако на претходната работа сте имале лош шеф, веројатно на разговор за нова работа ќе бидете подготвени да го озборувате. Но, оттогаш треба да почнете со воздржување, бидејќи со тоа сигурно нема да го импресионирате својот нов потенцијален шеф. Ако сепак ви „излета“ некој лош збор, обидете се да го ублажите со нешто позитивно, советуваат експертите.

Не велете дека тоа ви е единствена опција

На работодавците никогаш не смеете да им откриете дека тоа е единствената работа за која сте се пријавиле и многу е подобро да кажете дека размислувате и за други опции, дури и ако тоа не е вистина. Да, знаеме, предмалку ви рековме дека најдобро е да бидете искрени, но оваа лага нема да му наштети на потенцијалниот работодавец, а вас ќе ви ги зголеми шансите за работа. Покрај тоа, експертите истакнуваат дека работодавецот би можел да помисли и дека сте неамбициозни ако кажете дека тоа ви е единствената апликација за работа.

Не споменувајте годишен одмор

На разговор за работа вообичаено е да се зборува за условите за работа и платата, но додека не сте сигурни дека би ја добиле работата, прескокнете ја темата за годишен одмор.