Реал Мадрид наводно е подготвен да го ангажира германскиот стручњак Јирген Клоп на крајот од оваа сезона.
Според „Дон Балон“ „Кралскиот клуб“ ќе се обиде да го намами Клоп на „Сантијаго Бернабеу“ така што ќе го направи најплатен тренер на светот.
Се смета сепак дека Германецот нема да си замине од Ливерпул додека не ја исполни својата цел, а тоа е освојување на некој голем трофеј, како што е Премиер лигата или Лигата на шампионите.
За потсетување, тој беше мошне успешен во Борусија Дортмунд каде ја освои Бундеслигата во два наврати, а оваа сезона е на добар пат со „Црвените“ да ја освои Премиер лигата со оглед на тоа дека екипата од „Енфилд“ е моментален лидер на табелата.
Инаку, Реал Мадрид се уште го води Сантијаго Солари кој доби договор до крајот на сезоната, но се верува дека Аргентинецот нема да остане на клупата и по летото со оглед на тоа дека не му оди баш најдобро.
Освен Клоп, во последно време како можен тренер на Реал Мадрид најмногу се споменуваше Португалецот Жозе Мурињо.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












