Секојдневниот стрес, седечкиот начин на живот, намалената физичка активноста поради зголемената зависност од автомобилот, нездравата исхрана што доведува до покажување на килограмите… Сето тоа води до деформација на ’рбетниот столб, стапалата, до забавен крвоток и метаболизам, односно до целосно нарушување на здравјето. Затоа, иако масажата ја сметаме како луксузен третман, со оглед на начинот на живот, неопходно е да си ја дозволиме.
Масажите имаат позитивно влијание врз стресот, анксиозноста и депресијата. За време на масирањето, на телото се создава чувство на смиреност, кое ги победува сите овие состојби на одредено време. Многубројни истражувања докажаат дека дури и 30-минутната масажа еднаш во текот на неделата може да ја спречи несоницата од која страдаат голем дел од луѓето, особено за време на летниот период. Масажата, исто така, е проверен начин за отстранување на болките. Во продолжение ви претставуваме топ 3 масажи кои што Ви ги препорачува салонот за убавина и нега „Бјути бар“:
Релакс масажа
Секојдневието ја црпи нашата енергија и виталност. Оддржување на врвна форма честопати е предизвик. За секој од нас е важно да се ослободи од напнатоста и да ја задржи витална фигура. Целта на масажата е да се ослободи организмот од негативната енергија и напнатост и да се добие чувство на релксација и хармонија.
Релаксацијата е поим кој овозможува потполно физичко и психичко опуштање, баланс на духот и телото.
Масажата делува преку кожата на подлабоките слоеви на телото. При различни движења и зафати се предизвикуват различни и многу сложени реакции во целиот организам. Масажата на нервниот систем делува смирувачки, ја подобрува циркулацијата, секреција на различни жлезди, го подобрува тонусот на кожата и мускулите и делува на внатрешните органи.
На крај од масажата добиваме козметичко освежување на кожата, поубава боја, еластичност и измазнување на брчките како и намалување на болка. Со масажата церкулацијата се подобрува за осум пати.
Спортска масажа
Спортската масажа е специјално наменета за луѓе кои се вклучени во потешки физички активности. Таа се користи за санирање на повреди , како што се изместени зглобови и повреди во мускулите.
Спортската масажа помага во опуштањето на затегнатите делови од мускулите и во подобрувањето на циркулацијата на крвта, еластичноста и флексибилноста на телото. Времетраењето на масажата е 45 минути и особено е погодна за мажи.
Чоколадна масажа
Пробајте го прекрасното чувство на чоколадо на вашата кожа. Масажата со топло чоколадо ја храни и регенерира кожата и ја враќа виталната сила и хармонија во целиот организам.Релаксационата масажа со чоколадо влијае на психата и на сетилото за мирис како ароматерапија.
По пат на нежна стимулација на енергетските точки, овој третман ја враќа рамнотежата при протокот на енергија и ја намалува напнатоста и стресот, а самиот мирис на чоколадо овозможува пријатно чувство на релаксација, опушта и го подобрува расположението.
Во комбинација со релаксирачка музика, која делува преку сетилото за слух, се добива комплетна релаксација со која се покриваат сите сетила.
По прекрасната масажа следува благ туш, а потоа кожата се премачкува со млеко за тело од какао и путер.
Закажете го Вашиот термин на телефонскиот број 070 666 221.