Биологот Андреа Мангони во Венеција снимил сцена која што до неодамна била нереална – во еден од венецијанските канали снимил медуза.
„Успеав да снимам медуза која што во близина на плоштадот св. Марко пливаше на само неколку центиметри под водната површина“ – изјавил Мангони за Си-ен-ен.
Поради карантинот и намалената човечка активност водата во венецијанските канали е прочистена, па сега може да се види водниот свет од копното.
Во последно време, често можат да се слушнат и видат разни вести за враќањето на растителниот и животинскиот свет во водата, но за жал некои од нив се лажни.
Така, досега можевме да видиме објави во кои се зборува дека лебедите се вратиле во венецијанските канали.
Меѓутоа, споменатите лебеди редовно се појавуваат во каналите во Венеција, па не е ни чудно што биле забележани таму.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















