– Подносителите на иницијативата за оспорување на одлуката за распишување на референдумот, Димитар Апасиев од „Левица“ и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка, изјавија дека денеска е погребана правдата и оти не преостанува ништо друго, освен бојкот на референумот.
– Ова е срамен ден за владеењето на правото во Република Македонија. Денес е погребана правната држава преку политичка, а не правна одлука на судиите, рече Апасиев и додаде дека бојкотот останува како единствено масовно средство за враќање на правната држава.
Има сознанија, како што рече Апасиев, дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница.
– Наше како јавност е да видиме кој ги повикувал судиите и се обидувал да им влијае врз исходот од оваа иницијатива, рече Апасиев.
За претседателот на СМК, Тодор Петров, одлуката на Уставниот суд не е прифатлива.
– Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот со Грција со кој се врши промена на името на државата. Истовремено, се суспендира референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки. Иако одлуката на референдум по Устав е задолжителна, Судот за жал, сметаше дека ЕУ не е ниту сојуз за кој треба да се распише референдум, рече Петров.
Според него, одлуката на Уставниот суд ќе ја зацврсти определабата за бојкот на 30 септември.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)



















