Александра Пријовиќ: Нема да поминам како Тања Савиќ, го избрав вистинскиот маж

674

По информациите дека српската пејачка Тања Савиќ има проблеми со сопругот, кој се заканува дека ќе и ги земе децата, во нејзина одбрана застана нејзината колешка, Александра Пријовиќ.

Давам поддршка за сите мајки на светот коишто се борат за своите деца. Многу ми е жал што Тања се најде во оваа ситуација, но верувам во законот и сигурна сум дека се брзо ќе се реши – вели Пријовиќ во интервју за српски „Курир“.

Истовремено, Александра вели дека има стабилен брак и е убедена дека таа не може да се најде во сиуацијата на Тања.

Јас сум сигурна дека избрав партнер со кој не може да ми се случи такво нето. Филип е свесен што значи мајката за децата и нокогаш не би дозволиле тиењ да трпат. На децата им се потребни двата родитела, без оглед на тоа дали нивните патишта ќе се раздвојат – вели Пријовиќ.