39-годишната манекенка Адријана Лима е повторно заљубена и во врска.
Имено, по разводот со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ, Лима беше во повеќегодишна врска со турскиот писател Метин Хара, а потоа во кратка врска со турскиот бизнисмен Емир Ујар. Сега, таа го покажала новото момче на Инстаграм.

Манекенката објавила низа фотографии од роденденската прослава на нејзината пријателка и во таа прилика покажала и дека на сите фотографии е прегрната со момче во тегет кошула.

На поединечни фотографии се гледа и како тој ја држи за половината додека позира со неа, додека таа со главата е потпрена на неговото рамо.

Поединечни нејзини фанови коментираат дека таа можела да најде и подобар, додека од друга страна има и такви кои се воодушевени од изборот на поранешниот ангел на Викторија Сикрет.



















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















