(ВИДЕО) Хаос во српското Собрание, опозицијата тргна да го тепа Вучиќ

705
 Ова беше денешната атмосфера во српското Собрание. Недоразбирањата околу начинот на решевање на косовското прашање во еден момент ескалираа со физички контакт меѓу пратениците од власта и опозицијата.

Тоа беше само кулминација на онака напнатата седница на која претседателот Вучиќ го презентираше планот од 10 точки по кои ќе се води Србија во се поизвенсото финале на спорот меѓу Белград и Приштина.. Во суштина во сите точки од овој план се инсистира на заштита на Србите на Косово, но не и отстапување од европскиот пат. Државата е опкружена со земји членки на НАТО и сите сакаат да влезат во ЕУ, од животна важност е и покрај сите предизвици е Србија еден ден да биде дел од Унијата, а тоа е гаранција дека нашите граѓани ќе живеат подобро, кажа Вучиќ пред пратениците во српското Собрание.

-Тој пат ни треба бидејќи мора да разберете дека денеска живееме во друга реалност. Ние денеска сме опкружени со сите земји кои се во НАТО, а и понатаму успеваме љубоморно да ја сочуваме нашата воена неутралност. Или тие се во НАТО, или НАТО е таму. // А каде ќе одиме среде војна и конфликт? Што да правиме со нашата држава? Како мислите да го сочуваме растот и да исплаќаме плати и пензии ?, изјави Александар Вучиќ – Претседател на Р. Србија.

Планот доаѓа по објавата на француско-германскиот предлог за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина. И покрај тоа што содржината на истиот јавно не е објавена, Вучиќ кажа дека 90 отсто од неговата содржина што излезе во медиумите е точна, но најтежок дел од овој предлог вели е делот кој предвидува Србија да не се противи на зачленувањето на Косово во меѓународните организации. Инаку, во новиот план кој го презентираше Вучиќ меѓудругото во 9-тата точка се предлага Србија по секоја цена да продолжи да разговара со Косово бидејќи во спротивно државата ќе биде изолирана.

„ За разлика од вас, за мене како претседател на Србија, Уставот ми е света книга. Капитулацијата и предавањето не се опција и знам што ќе направам.“ изјави Александар Вучиќ – Претседател на Р. Србија.

И покрај тврдењата на Вучиќ за транспараентност од опозциијата се убедени дека се водат тајни разговори кои ги сметата за неоприфиатливи и кукавички.

Тој ќе тумачи што е важно, што не е. Тој ќе ни раскажвува на која столица седел во Брисел. Тој ќе доаѓа како победник кој повторно не спасува. Тој е единствениот пријател на светските лидери. Па добро бе човече, доста веќе. Доста веќе, дајте да го видиме Договорот.- Радомир Лазовиќ – Зелено леви клуб.

И покрај тоа што Косовскиот премиер Албин Курти синоќа изјави дека формирањето на Заедницата на српски општини во Косово не е приоритет за неговата влада во планот се потврдува дека Србија нема да отстапи од тоа барање на кое инсистираат и САД и ЕУ.